Достапни линкови

logo-print

СДСМ:Хаос со избирачкиот список и во Битола


Јулијана Силјановска,пратеник на СДСМ во Битола денеска изјави дека хаосот со избирачкиот список постои и во Битола. Таа рече дека согласно Извештајот усвоен од ДИК, во избирачкиот список има точно 330.588 сомнителни гласачи.Според неа тоа е доказ оти изборните циклуси во Македонија не биле регуларни и дека нема кредибилен избирачки список.

Силјановска посочи дека во куќата чијшто сопственик е градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, кој е од ВМРО ДПМНЕ, регистрирани се тројца гласачи коишто не живеат таму,туку се од Либија.

XS
SM
MD
LG