Достапни линкови

Мигрантите од Идомени во Вериа дочекани со протести


Грчките власти го празнат кампот со бегалците кај Идомени и ги префрлаат мигрантите во камповите во Катерини и Вериа. Бегалците се транспортираат со 20 автобуси. Досега веќе се префрлени околу 500 бегалци, јавуваат грчките медиуми.Жителите на Вериа протестираа против оваа одлука на грчките власти за пренесување на бегалците од Идомени во нивниот град. Тие по патот каде што треба да поминат бегалците фрлаа свински глави.

XS
SM
MD
LG