Достапни линкови

Ердоган со критики до странските дипломати


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критика до странските дипломати, кои присуствуваа на денешното судење на двајца турски новинари, обвинети за шпионажа, на кои им се заканува доживотна казна затвор.

- Што мислите вие кои сте? Што правите тука?, рече Ердоган во говорот во Истанбул, обвинувајќи ги странските амбасадори дека „демонстрираат сила“.

Во петокот почна судењето на Чан Дундар, главен уредник на водечкиот опозициски весник „Џумхуриет“ и Ердем Ѓул, шеф канцеларијата на весникот во Анкара, обвинети за шпионажа и откривање државни тајни, поради текстот, во кој ја обвинија Владата на Ердоган дека се обидува нелегално да испорача оружје за Сирија.

Судскиот процес го привлече вниманието на неколку амбасадори на држави-членки на Унијата, вклучувајќи го и германскиот, кој дојде на почетокот на судењето.

XS
SM
MD
LG