Достапни линкови

logo-print

Аеродром во Брисел ќе биде затворен до 29-ти март


Аеродромот во Брисел нема да биде отворен за патнички летови пред 29 март, се наведува денеска во соопштението објавено на веб-страницата на аеродромот.Во соопштението се додава дека се спроведуваат "новите безбедносни мерки", по нападите во Брисел во кои загинаа 31 лице. Милитантите на Исламска држава тврдат дека околу 270 лица се повредени во нападот. Во соопштението од аеродромот се вели дека на ограничен тим од инженери и техничари ќе им се даде пристап до зградата на терминалот со цел испитување на стабилноста на објектот, проверка на функционирањето на системите за информатичка технологија, проценка на материјална штета и одредување на процесот за реновирање на терминалот .

XS
SM
MD
LG