Достапни линкови

Најмалку 30 загинати во нападите во Ирак


Бројот на жртвите во самоубиствениот бомбашки напад на ирачкиот фудбалски стадион се искачи на најмалку 30 лица, а уште 105 луѓе се повредени, соопштија официјални лица. Вчерашниот напад од милитантите на Исламска држава се случи на стадионот во близина на градот Искандаријах, околу 50 километри од главниот град Багдад. Бомбашот го активирал неговиот самоубиствен елек за време на натпреварот. Стејт департментот и специјалниот претставник за Ирак во Обединетите нации го осудија нападот.

XS
SM
MD
LG