Достапни линкови

logo-print

Во Белгија се приведени тројца осомничени


Полицијата во Белгија приведе уште три лица во рамки на истрагата за самоубиствените напади во Брисел и откри нови поврзаности со минатогодишните напади во Париз. Канцеларијата на државниот обвинител во Белгија соопшти дека полициската операција е поврзана со неодамнешното апсење на исламистотот Ред Крикет во Париз, кој претходно бил осуден во Белгија и осомничен за планирањето нов напад.

Од 24. март во Белгија се приведени девет лица и двајца во Германија, во рамки на операцијата на европските власти пртив милитантите на Исламскатa држава кои се поврзано со нападите во Брисел, во кои загинаа 31 лице и во Париз во ноември минатата година кога загинаа 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG