Достапни линкови

Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот, односно кон недела изутрина во западните делови ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб локален снег.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневнатаод седум до 14 степени.

Во Скопје слично време, облачно со умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, но ќе има и постепено негово стабилизирање, односно температурата ќе биде во постепен пораст.

XS
SM
MD
LG