Достапни линкови

Медиумски организации на средба со претседателот Иванов


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претставници на пет новинарски и медиумски организации денеска се сретнаа со претседателот Ѓорге Иванов. На средбата, како што соопштија, е разговарано за можноста за продолжување на разговорите за медиумските реформи пред изборите.

На средбата учествувале претставници на ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Советот за етика во медиумите, Македонскиот институт за медиуми и Институтот за комуникациски студии.

„Петте организации го пренесоа ставот дека сè додека не бидат спроведени медиумските реформи, во Македонија нема да има услови за слободни и кредибилни избори“, се вели во соопштението.

Петте организации истакнале дека за да се создадат услови за фер и демократски избори, покрај измени на медиумските закони е потребна и нивна целосна имплементација.

Според соопштението, претседателот Иванов изразил подготвеност да помогне во процесот и побарал листа на приоритетни теми за кои тој може да даде свој придонес.

XS
SM
MD
LG