Достапни линкови

Белград - Горчлив вкус од неказнувањето на злосторствата против Србите


Српскиот министер за правда Никола Селаковиќ

Српскиот министер за правда Никола Селаковиќ

Српската Влада денеска соопшти дека нема да дозволи пресудата за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, да биде употребена против српскиот народ. Српскиот министер за правда Никола Селаковиќ, читајќи го соопштението на Владата, истакна дека секое злосторство мора да биде казнето како и кој било поединец кој учествувал во него, но оти недозволиво е какво било политизирање и префрлување на колективна вина на поединечни народи поради злосторства кои ги направиле луѓето со име и со презиме, пренесува Танјуг.

Селаковиќ посочи дека Владата на Србија не сака да реагира на содржината и образложението на која било поединечна пресуда на Хашкиот трибунал, но оти останува горчливиот вкус поради фактот дека тие кои се творци на политиката на злосторства кон Србите „речиси на никаков начин не се казнети“.

Тој потенцира дека српската Влада изразува длабоко жалење за сите жртви на воените судири на просторот на поранешна Југославија и дека подеднакво ги осудува злосторствата кои ги сториле припадниците на српските единици, како што ги осудува и злосторствата направени над Србите, како во Хрватска, така и во БиХ.

Караџиќ беше осуден на 40 години затвор за геноцид и воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина во 90-тите години од минатиот век.

XS
SM
MD
LG