Достапни линкови

Оланд - Уништена една терористичка мрежа, има уште ќелии


Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Исламистичката милитантна мрежа која стои зад нападите во Париз и во Брисел е уништена, но има и други ќелии кои продолжуваат да претставуваат закана, рече денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Знаеме дека има други мрежи. Дури и ако онаа што стои зад нападите во Париз и во Брисел е во процес на збришување, заканата и натаму останува“, рече Оланд во пресрет на средбата со поранешниот израелски претседател Шимон Перез.

XS
SM
MD
LG