Достапни линкови

Кери изрази солидарност со Белгија


Aмериканскиот државен секретар Џон Кери и белгискиот премиер Шарл Мишел

Aмериканскиот државен секретар Џон Кери и белгискиот премиер Шарл Мишел

За време на денешната посета на Брисел, американскиот државен секретар Џон Кери изрази солидарност со Белгија по самоубиствените бомбашки напади во кои загинаа 31 луѓе, а стотици беа повредени. Застанувајќи рамо до рамо со белгискиот премиер Шарл Мишел, Кери ги отфрли критиките зашто Белгија не успеала да ги спречи нападите од 22 март, за кои Исламската држава презеде одговорност, велејќи дека белгиската влада силно се бори против тероризмот. Кери исто така рече дека Исламската држава ќе биде уништена. Тој рече дека не се, ниту ќе бидат заплашени. Мишел не ги прифати оставките на министрите за внатрешни работи и за правда, откако тие се понудија да ја преземат одговорноста за неуспехот да се спречат нападите. Белгиската полиција уапси шест луѓе во Брисел како дел од истрагата за нападите.

XS
SM
MD
LG