Достапни линкови

Русија ја зајакнува безбедноста на спорните Курилски Острови


Руски авион на Курилските Острови

Руски авион на Курилските Острови

Русија соопшти дека ќе распореди софистициран систем за противракетна одбрана на Далечниот Исток, односно на Курилските Острови за кои Москва и Токио имаат спор.

„Веќе оваа година, тие ќе ги добијат крајбрежните ракетни системи Бал и Бастион, како и новата генерација беспилотни летала Елерон-3“, рече денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој рече дека новите оружја се дел од насоките за вооружување на воените единици кои веќе се распоредени на Курилите. Руската морнарица исто така размислува за поставување на поморска база во регионот, рече тој. Шојгу најави формирање на нови единици и во западната воена област, велејќи дека распоредувањето на сили на НАТО во близина на границите на Русија бара одговор. Тој најави дека воените сили во западна Русија ќе добијат 1.100 нови оружја, вклучувајќи авиони, воени хеликоптери и тенкови.

XS
SM
MD
LG