Достапни линкови

Москва - Пресудата против Караџиќ е политизирана


Рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов

Рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов

Русија ја оцени пресудата за геноцид против поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, како „политизирана“. Заменик министерот за надворешни работи Генадиј Гатилов ова го кажа во интервју за новинската агенција Интерфакс, објавено денеска, еден ден откако Хашкиот трибунал го осуди Караџиќ на 40 години затвор за геноцид и уште девет точки по обвинението. Гатилов смета дека Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија е пристрасен, велејќи дека ги премолчува „злосторствата од косовските лидери и војската“.

XS
SM
MD
LG