Достапни линкови

logo-print

Иранскиот претседател во посета на Пакистан


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска пристигна во Исламабад во обид за зајакнување на економските односи со Пакистан, кои беа замрени поради долгогодишните меѓународни санкции против Иран. За време на дводневната посета, прва на еден ирански претседател во последните 14 години, Рохани ќе биде придружуван од осуммина министри. Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека долго одложуваниот гасовод кој треба да донесе ирански гас во Пакистан ќе биде високо на агендата на разговорите. Ќе се разговара и за зголемување на трговската размена.

Ирански претставници велат исто така ќе биде разговарано за тензиите меѓу шиитскиот Иран и сунитската Саудиска Арабија, со Пакистан како можен посредник меѓу нив.

XS
SM
MD
LG