Достапни линкови

Спасовски - Се следат повратниците од боиштата во Сирија


МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и другите надлежни органи ги следат сите лица повратници од боиштата на истокот и настаните, сè со цел да превенираме каков било настан кој може да ја загрози безбедноста на граѓаните на Македонија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека во земјава има 72 повратници. Спасовски нагласи дека за ова прашање се разговара веќе подолго време.

„Веднаш по нападите во Франција се подигна нивото на безбедност и тоа сè уште трае. Ние имаме повратници кои биле во Сирија и се наоѓаат на територијата на Република Македонија, а знаете дека се спроведуваше и оперативната акција „Ќелија“ во која има уапсени лица за кои има докази дека се можни сторители на одредени криминални дејствија, терористички напади“, изјави министерот Спасовски, кој денеска присуствуваше на претставување на системот за присилно запирање „Стингер“, во Центарот за обука во Идризово.

XS
SM
MD
LG