Достапни линкови

Се проверува дали тримесечно бебе од Дојран има зика вирус


Се испитува можноста тримесечно бебе од Дојран со аномалија во делот на черепот и со мала глава да е заболено од вирусот зика. Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова денеска рече дека бебето пред две и пол недели било донесено во скопските клиники.

„Направени се анализи кои укажуваат дека не станува збор за рутински вируси кои знаат да направат микроцефалија (мала глава), значи сомнението останува за вирусот зика“, рече Софијанова, која посочи дека се прават анализи за да се утврди присуство на вирусите денга или евентуално зика, а резултатите се очекуваат за десетина дена.

Одговарајќи на новинарско прашање дали мајката била касната од комарец, Софијанова рече дека сигурно е дека има таква индикација.

XS
SM
MD
LG