Достапни линкови

logo-print

Нападната полициска станица во Атина


Група од дваесетина лица доцна синоќа извршиле напад врз полициска станица во атинската населба Панграти. Како што јавува МИА, напаѓачите минувале пеш пред полицската станица и одеднаш фрлиле три молотови коктели врз објектот. При експлозиите нема жртви, туку само е предизвикана материјална штета на зградата на полициската станица,

Според грчките медиуми, во врска со овој напад полицијата уапсила 20 лица. Идентитетот и мотивите на напаѓачите засега не се соопштени. Во минатото одговорност за вакви слични напади во Грција преземаа разни екстремно левичарски и анархистички групи.

XS
SM
MD
LG