Достапни линкови

Уапсени 6 лица за експлозиите во Брисел


Белгиската полиција приведе 6 лица како дел од истрагата за бомбашките напади во бриселскиот аеродром и една метро станица, соопшти вчера федералното обвинителство. Апсењата се извршени за време на полициското пребарување во два бриселски реона, како и во центарот на градот. Портпарол на обвинителството најави дека денеска ќе биде донесена одлуката за казната на приведените.

Најмалку двајца мажи кои биле идентификувани од полицијата со помош на снимките од безбедносните камери на аеродромот и во метро станицата каде што се случија експлозиите, се уште се наоѓаат на слобода.

XS
SM
MD
LG