Достапни линкови

Времето посвежо, но со помалку врнежи


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди. Во југозападните подрачја ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините само снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Утринската температура се движи од минус два до пет, а дневната ќе биде од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

XS
SM
MD
LG