Достапни линкови

Протестен марш на мигрантите низ центарот на Солун


Група мигранти, која во моментов се наоѓа во Грција, денеска организираше протестен марш низ центарот на Солун поради затворањето на границите. Демонстрантите носеле вреќи за спиење и багаж, пренесува АНА. Тие носеле и транспаренти со натписите: „Не за концентрациони логори никаде и никогаш“, „Азил и засолништа за бегалците“ и „Затвор за фашистите“. Мигрантите имаат намера да се задржат во Солун до два дена со цел да ја подигнат свеста за важноста на нивните барања за азил, потребата за засолништа и отворање на границите за да можат да го продолжат патот кон другите земји во Европа.

XS
SM
MD
LG