Достапни линкови

Претседателот на украинскиот парламент подготвен да стане премиер


Претседателот на украинскиот парламент Володимир Хројсман

Претседателот на украинскиот парламент Володимир Хројсман

Претседателот на украинскиот парламент Володимир Хројсман изјави дека е подготвен да стане премиер, ако тоа се побара од него. Владејачката коалиција во Украина се распадна поради темата за искоренување на корупцијата, но премиерот Арсениј Јацењук одбива да се повлече од функцијата, откако го преживеа гласањето доверба во парламентот, кое беше иницирано од партијата на претседателот Петро Порошенко. Тој вчера го повика парламентот наредната недела да изгласа нова влада за да се оконча политичката криза. Хројсман денеска рече дека ќе се придржува до ветувањата дадени кон ММФ и ЕУ, ако биде избран за премиер. Министерката за финансии Наталија Јареско завчера рече дека е подготвена да биде премиер, но под строги услови. Аналитичарите сметаат дека Хројсман има поголеми шанси да добие доволно поддршка од Јареско. Западните донатори, вклучувајќи ги и ЕУ и САД, ги повикаа лидерите на Киев да останат обединети за да ги изгласаат реформите неопходни за добивање дополнителна помош од 1,7 милијарди евра од ММФ.

XS
SM
MD
LG