Достапни линкови

Уапсени браќа и сестра на Захир Беќири-Чауш


Пет лица се уапсени, а одземени се повеќе докази во полициска акција поврзана со предметот кој во јавноста е познат како „Фабрика за афери“, соопшти денеска Јавното обвинителство. Претресот, како што е наведено во соопштението, е извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени: компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на натамошна анализа. Дел од домашните медиуми објавија дека се уапсени двајца браќа и една сестра на Захир Беќири, познат како Чауш, кој беше уапсен за аферата со фалсификување лични карти.

XS
SM
MD
LG