Достапни линкови

logo-print

Продолжува штрајкот на судските административци


Архивска фотографија: Штрајк на судската администрација

Архивска фотографија: Штрајк на судската администрација

Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани и Здружението на судска администрација, кои го организираат тридневниот штрајк на судските службеници, се задоволни од досегашниот тек на штрајкот и за утре најавуваат протест пред надлежните институции.

Претседателот на Синдикатот Пеце Грујовски вели дека масовноста е големи и оти, за разлика од претходно, нема притисоци, па дури и дека судиите ги поддржуваат своите вработени. Тој рече дека утре ќе се одржи најавениот протест пред Собранието, Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и пред Владата.

Организаторите на штрајкот бараат измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, исплата на ветените пет проценти и враќање на работното време од 7:30 до 15.30 часот.

Штрајкот започна вчера, а продолжи денеска во просториите на судовите. Од 10 до 11 часот вработените го искажаа своето незадоволство пред судовите. За време на штрајкот беа примани само итните и притворските предмети.

XS
SM
MD
LG