Достапни линкови

Централен регистар - Не уништуваме документи, соработуваме со СЈО


Централниот регистар денеска ги демантира информациите за какво било прикривање, затајување или уништување на документацијата за податоците од регистрите со кои раководи. Во денешното соопштение, оваа институција наведува дека е небулозно тврдењето оти податоци од Централниот регистар воопшто можат да бидат уништени, бидејќи базите се водат електронски на повеќе локации, а секоја промена во регистрите, електронски се доставува и до бројни институции.

Во врска со барањето на Специјалното јавно обвинителство за доставување на документација, Централниот регистар појаснува дека во законски утврдениот рок е одговорено на дописот од СЈО и побарано е прецизирање на барањето.

„За тоа дека не се случило никакво уништување на документација сведочи фактот што СЈО на лице место утврди дека документите постојат во целост и дека ниеден документ не е уништен, а дел од бараните податоци им беа предадени, додека останатите ќе бидат предадени согласно заемно договорена динамика според потребите на СЈО во периодот што следи“, наведува Централниот регистар во соопштението.

XS
SM
MD
LG