Достапни линкови

Јохан Кројф, еден од најголемите фудбалери во историјата, денеска почина на 68-годишна возраст, откако ја изгуби битката против ракот, беше објавено на неговиот официјален твитер профил. Холанѓанецот освои три европски купа, како играч на Ајакс, а три пати ја освои и „Златната топка“ за најдобар играч во 1971, 1973 и 1974 година. Потоа, со фудбалскиот клуб Барселона ја освои првата европска титула како тренер во 1992 година.

XS
SM
MD
LG