Достапни линкови

Петмина странски борци на Исламската држава уапсени во Турција


ISIS

ISIS

Полицијата во јужна Турција уапсила петмина мажи од Русија и од Централна Азија, кои наводно планирале да ѝ се придружат на Исламската држава во Сирија. Турските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници од Газиантеп, мажите, уапсени синоќа, биле од Русија, Таџикистан, Туркменистан и од Узбекистан. Осомничените наводно признале дека планирале да влезат во Сирија и да ѝ се придружат на Исламската држава. Властите во Русија и во централноазиските држави велат дека стотици нивни државјани се борат на страната на Исламската држава во Ирак и во Сирија. Некои од нив отишле таму со нивните семејства.

XS
SM
MD
LG