Достапни линкови

logo-print

Ниту еден нов мигрант на грчките острови во последниве 24 часа


Грција денеска соопшти дека во последните 24 часа на грчките острови во Егејското Море не пристигнал ниту еден мигрант, што се случува првпат од неделата, кога во сила стапи договорот меѓу ЕУ и Турција за спречување на масовниот прилив на бегалци. Грчките власти напоменуваат дека и лошите временски услови би можеле да бидат причина поради која мигрантите не доаѓаат од Турција. Како што јавија грчките медиуми, од вчера во Егејското Море дуваат силни ветрови.

XS
SM
MD
LG