Достапни линкови

logo-print

Стаус-кво ситуацијата на мигрантите раѓа нервоза


Физички пресметки меѓу бегалците и тензија во кампот во Табановце каде има над илјада луѓе. Во кампот нема услови за подолг престој на толку бегалци. Некои од нив побарале да бидат префрлени во кампот во Гевгелија каде условите се подобри. Полоша е состојбата во меѓуграничниот простор со Србија каде има импровизиран камп.

Во прифатно-транзитниот центар во Табановце има околу илјада луѓе, претежно од Авганистан кои се уште се надеваат дека ќе се отворат границите кон Европа. Иако условите се лоши, бидејќи кампот нема капацитет за згрижување на толку лица, тие како да се навикнуваат на идејата оти нема да заминат бргу. Активистите велат дека расте нервозата меѓу мигрантите поради нивната статус-кво ситуација, оти меѓу нив има и неколкумина кои се болни.

Состојбата е малку тензична, имаше некои физички пресметки меѓу бегалците денеска, проблем е тоа што луѓето седат на едно исто место, нема никакви сериозни одговори за нив. Тие не сакаат да останат во Македонија, сакаат да се продолжат понатаму, ние немаме да им дадеме таква солуција, ниту Европа им нуди таква можност.

„Во изминатите денови има забалежано неколку случаи на шуга, но тие постојано се третираат од екипите на Црвен крст и други лица. Така што ситуацијата не е алармантна во однос на постоење на некои заразни заболувања. Но условите се лоши, бидејќи кампот не е наменет за да престојуваат илјада луѓе, така што има отежнати услови во однос на одржување хигиена и слично“, вели Елена Брндеска од Хелсиншкиот комитет.

Активистот Јасмин Реџепи од Легис додава:

„Состојбата е малку тензична, имаше некои физички пресметки меѓу бегалците денеска, проблем е тоа што луѓето седат на едно исто место, нема никакви сериозни одговори за нив. Тие не сакаат да останат во Македонија, сакаат да се продолжат понатаму, ние немаме да им дадеме таква солуција, ниту Европа им нуди таква можност“, вели Реџепи.

Потензично е во меѓуграничниот простор каде во импровизиран камп престојуваат околу 400 лица, претежно од Сирија и Иран, а меѓу нив има и жени и деца, вели Брндеска.

„Атмосферата е тензична најповеќе во меѓуграничниот простор кон Србија, бидејки луѓето се заглавени повеќе од една недела и не се знае што ќе се случи со нив. Луѓето од меѓуграничниот простор одбиваат да се вратат во кампот или да бидат пренесени во Гевгелија од страв дека ќе бидат депортирани во Грција.“

Меѓутоа бројот на луѓето кои престојуваат во двата кампа во Табановце не е константен и постојано се менува. Полека почнува да се полни и прифатниот центар во Гевгелија, бидејки група од Табановце побарала да бидат префрлени таму. Во овој камп сега се сместени 85 лица и таму условите се подобри.

Но состојбата од грчката страна на границата е напната. Пред неколку дена двајца мажи се самозапалија, а утрото бегалците почнаа со нови протести на автопатот до гратчето Поликастро во северна Грција, со барања да бидат отворени границите за да продолжат со патување кон држави од централна Европа.

Во Македонија вчера беше продолжена вонредната состојба на јужниот дел од границата до декември. Активистите велат дека таквата одлука е очекувана бидејки одлуките што беа донесени на самиот во Брисел не ги допираат бегалците што се тука.

„Се уште не постои официјална одлука што ќе се случува со нив. Исто така чекорите што беа донесени во Брисел не се доволно прецизирани. Така што одлуката е очекувана“, вели Брнедеска.

Инаку активистите дополнуваат дека е минимален бројот на мигрантите во Македонија кои побарале азил и оти нивниот број е 40. Реџепи исто така потврдува дека на северната граница има примери на илегални преминувања на границата од Србија кон Македонија, но и обратно.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG