Достапни линкови

Мустафа ги повика Косовците кои се во Сирија да се вратат назад


Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа, на денешната седница на Парламентот, побара од сите граѓани на Косово, кои се на боиштата во Сирија, да се вратат во татковината и да бидат свесни за штетата која може да си ја предизвикаат себе си и на косовската држава. Тој уште еднаш изрази жалење и длабоко сочувство за сите жртви во последните терористички напади во Брисел, јави дописникот на МИА.

„Косово ја покажа својата безусловна определба да биде дел од борбата против секое можно зло. Ги повикувам сите граѓани да бидеме дел од таа одлучност во борбата против тероризмот“, изјави Мустафа.

Мустафа соопшти дека се зголемени безбедносните мерки во земјата и им порача на косовските граѓани дека се безбедни.

Според последните информации, на боиштата во Сирија се наоѓаат најмалку 200 Косовци. Досега во оваа блискоисточна земја загинати педесетина Косовци.

XS
SM
MD
LG