Достапни линкови

Кери во Москва на средби со Путин и Лавров


Американскиот државен секретар Џон Кери, кој од вчера престојува во Москва, денеска ќе биде примен од рускиот претседател Владимир Путин, а ќе се сретне и со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров. Кери за време на посетата се очекува да процени дали руското раководство е подготвено да дискутира за начините на полесно заминување од власта на сирискиот претседател Башар ал Асад. Во врска со Украина, тој се очекува да ја повика Москва да го засили притисокот врз про-руските сепаратисти на истокот од земјата да го почитуваат прекинот на огнот.

Тој, исто така, треба да го актуелизира случајот на украинскиот воен пилот Надја Савченко, која беше осудена на 22 години затвор во Русија за нејзината наводна вмешаност во смртта на двајца руски новинари во источна Украина. Вашингтон во неколку наврати побара Савченко да биде ослободена.

XS
SM
MD
LG