Достапни линкови

СЈО го чува влезот на Народна банка


Зградата на Народната банка на Република Македонија од попладнево е предмет на интерес на полициски единици и лица од Специјалното обвинителство, јавува телевизијата АЛСАТ М повикувајќи се на очевидци и вработени во институциите кои се сместени во објектот. Од Специјалното јавно обвинителство за телевизијата потврдиле дека нивни истражители помогнати од полицијата се присутни пред зградата на НБРМ поради судска наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Македонија. Како што се јавува наредбата била издадена при крајот на работното време, но по истата не било постапено бидејќи сите вработени од Централниот регистар биле пуштени да си заминат дома. Од СЈО навеле и дека нивните истражители и полицијата ќе останеле да го чуваат објектот до почетокот на работно време утре, за да не дозволеле влегување или излегување од објектот или изнесување документи, бидејќи како што велат, имале сомнеж дека е можно уништување на материјали кои потенцијално се од интерес на СЈО.

XS
SM
MD
LG