Достапни линкови

Хуманитарните организации се повлекуваат од грчките центри за бегалци


Сè поголем број хуманитарни организации, кои им помагаат на бегалците и мигрантите во Грција, ги бојкотираат прифатните центри, незадоволни од договорот меѓу Европска унија и Турција, кој, според нив, ги крши човековите права.

Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци(УНХЦР) и организацијата Лекари вез граници вчера објавија дека ја повлекуваат помошта, а денеска им се придружија други две организации – Меѓународниот комитет за спас и Норвешкиот совет за бегалци.

Неименуван грчки владин извор изјави дека министерот одговорен за миграција Јанис Музалас се обидува да ги убеди хуманитарните организации да останат.

XS
SM
MD
LG