Достапни линкови

logo-print

Јанева – Не ги деградирам институциите, има докази за изборен криминал


Мојата изјава беше во насока на укажување на важноста на нашите истраги и улогата на фер и демократските избори во градењето на институциите и нивниот легитимитет и истата не беше во насока на деградирање на државните институции, информира денеска специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Имајќи ги предвид досега собраните материјални докази кои што укажуваат на бројни нерегуларности кои се случиле во изборниот процес, имаме основано сомневање по однос на резултатот од тој изборен процес“, вели Јанева во денешната писмена изјава.

Целта на истрагите и евентуалните обвиненија, вели таа, е казнување на виновниците за изборниот резултат вистински да ја отслика волјата на граѓаните.

Јанева вчера рече дека владата, собранието и претседателот немаат легитимитет, зашто во случајот „Титаник“ има докази за изборен криминал. Претставници на власта реагираа дека со тоа обвинителката се делегитимира и себе си, затоа што и таа е избрана од тие институции.

Јанева исто така посочува дека не планира да го образложува Извештајот за работата на специјалното обвинителство за изминатите шест месеци пред Собранието или пред Советот на јавни обвинители, затоа што нема законска обврска за тоа и затоа што досегашната пракса покажува дека ниеден обвинител не го образложувал извештајот за работа.

XS
SM
MD
LG