Достапни линкови

Порошенко подготвен на размена на заробеници за Савченко


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека го свикал Националниот совет за безбедност за да се разгледаат санкциите против руски претставници вклучени во прогонот на украинската воена пилотка Надја Савченко. Таа вчера беше осудена на 22 години затвор во Русија за вмешаност во убиството на двајца руски новинари во 2014 година. По изрекувањето на пресудата, Порошенко рече дека е подготвен на размена на затвореници, односно дека е подготвен за Савченко да ослободи двајца Руси кои беа заробени за време на борбите во источна Украина и за кои Киев верува дека се руски војници. Тој денеска рече дека размената би била можна само откако пресудат за Савченко ќе стане правосилна, односно по истекот на 10-дневниот период за жалба. Савченко рече дека нема да се жали и оти не го признава рускиот суд или неговото право да ѝ суди.

XS
SM
MD
LG