Достапни линкови

Евакуиран аеродромот во Атланта поради сомнителен пакет


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Патниците накратко биле евакуирани од терминалот на аеродромот во американскиот град Атланта, откако бил забележан сомнителен пакет. Подоцна, откако бомбашката единица го расчистила теренот, на патниците им било дозволено да се вратат. Аеродромот Хартсфилд-Џексон Атланта е најфреквентниот аеродром во светот. Само минатата година, на аеродромот поминале 101,5 милиони патници. Евакуацијата доаѓа еден ден по терористичките напади врз аеродромот и метрото во Брисел, во кои загинаа 31, а 270 луѓе беа ранети.

XS
SM
MD
LG