Достапни линкови

Браќа ги извршиле нападите во Брисел


Халид и Ибраим ел-Бакрауи

Халид и Ибраим ел-Бакрауи

Белгиските власти соопштија дека браќата Халид и Ибраим ел-Бакрауи ги извршиле самоубиствените бомбашки напади вчера на аеродромот и во метрото во Брисел, во кои загинаа 31 луѓе, а 270 беа ранети. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот. Федералниот обвинител Фредерик Ван Леу денеска изјави дека во корпа за отпадоци на улица е пронајден компјутер со белешка на едниот од напаѓачите, Ибраим, кој напишал дека станува сè понесигурен и исплашен да не заврши во затвор. Двајцата други осомничени кои се гледаат на сигурносните снимки сè уште не се идентификувани. Нападите се случија неколку дена, откако во Брисел беше уапсен еден од осомничените за минатогодишните терористички напади во Париз, Салах Абедеслам.

XS
SM
MD
LG