Достапни линкови

Димовски - Јанева го урива суверенитетот на Македонија


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата денеска најостро ја осудија вчерашната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и побараа од неа да се извини за навредата на државата Република Македонија, народот и институциите, а сите политички партии да се оградат и исто така да ја осудат нејзината изјава.

Јанева вчера рече дека претседателот, владата и Собранието се нелегитимни, зашто во случајот Титаник има докази за изборни измами.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека станува збор за многу опасна изјава која го урива дури и суверенитетот на земјата. Според него, Јанева се однесува како портпарол на опозициска партија. Тој вели дека со таа изјава, Јанева се делегитимира и себе си, затоа што била избрана од институции што ги смета за нелегитимни.

Претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, пак, ги оцени изјавите на Јанева како неприфатливи и неодговорни.

XS
SM
MD
LG