Достапни линкови

logo-print

Повторно одложена комисиската расправа за Извештајот на СЈО


Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и денеска беше одложена поради неприсуство на специјалната обвинителка Катица Јанева. На дневен ред на Комисијата е Извештајот на Специјалното обвинителство за изминатите шест месеци. Претседателот на Комисијата, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека добил известување од Јанева дека таа нема да го образложи Извештајот за шестмесечната работа пред пратениците и оти поради тоа не се создадени деловнички услови за работа на Комисијата. Седницата е одложена за утре. Јанева вчера изјави дека не планира да го образложува Извештајот пред Собранието.

XS
SM
MD
LG