Достапни линкови

Москва - Анкара ги задушува курдските организации


Илустрација

Илустрација

Русија ја обвинува Анкара дека ги задушува курдските организации во Сирија и во Турција со изговор дека тоа е војна против тероризмот. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска рече дека нелегалниот сообраќај преку турско-руската граница драматично се намалил од почетокот на руската воена операција во Сирија во септември 2015 година. Лавров побара целосна имплементација на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, со кои се бара запирање на трговијата со артефакти и со нафта со Исламската држава и спречување „терористите“ да влегуваат во Сирија.

Во меѓувреме, турските вооружени сили соопштија дека нивните авиони извршиле напади врз Курдската работничка партија во северен Ирак и во близина на градот Семдинли во југоисточна Турција. Авијацијата вчера гаѓала засолништа, пештери и депоа за муниција кои ги користат курдските милитанти.

XS
SM
MD
LG