Достапни линкови

Тројца уапсени за планирање напади врз германски објекти во Турција


Терористички напади во Истанбул минатата недела

Терористички напади во Истанбул минатата недела

Трите лица уапсени во Турција, за кои се верува дека се припадници на т.н. Исламска држава, планирале напади врз германски дипломатски мисии и училишта во таа земја, кои минатата недела биле затворени поради терористички закани. Тројцата мажи, Турчин, Ирачанец и Сириец, се уапсени вчера под сомнение дека планирале нови напади во Истанбул, а полицијата постапила врз основа на информации на турските и германските разузнавачки служби. Осомничените планирале напади врз германските интереси во Турција.

Германија минатата недела ја затвори амбасадата во Анкара, конзулатот во Истанбул и германските училишта во двата града, а германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер наведе дека постојат „мошне сериозни индикации“ за планирани напади.

XS
SM
MD
LG