Достапни линкови

Во Германија уапсени тројца Косовци кои планирале криминален акт


Германската полиција уапси три лица со белгиски регистарски таблички во близина на границата со Австрија и во тек е истрага за тоа дали тие планирале напад. Претставник на полицијата соопшти дека тројцата осомничени се од Косово и оти биле уапсени вчера пред нападите во Брисел во кои загинаа најмалку 34 лица. Апсењето е извршено на автопат во јужната држава Баварија по добивање разузнавачка информација дека осомничените планираат сериозен криминален акт против државата. Според претставникот на полицијата, досега нема индикации дали трите лица имале некаква врска со нападите во белгискиот главен град, но оти таа можност не може да се отфрли.

Германија ги зголеми безбедносните мерки на аеродромите, железничките станици и на границите со Белгија, Франција, Холандија и Луксембург, по вчерашните екплозии во Брисел.

XS
SM
MD
LG