Достапни линкови

Белорусија сака да ги нормализира односите со ЕУ


Белорускиот министер за надворешни работи Владзимер Макеј

Белорускиот министер за надворешни работи Владзимер Макеј денеска изјави дека неговата земја сака „да ги нормализира односите“ со ЕУ. По разговорите со неговиот полски колега Витолд Вашчиковски во Минск, Макеј рече дека Белорусија планира да „ги прошири своите надворешно-политички и економски активности“. Тој додаде дека зајакнувањето на односите со Полска и со другите земји од ЕУ ќе се случи, но ќе се зачуваат односите со Русија, која, според Минск, е „главен партнер“.

Минатиот месец, ЕУ ги укина петгодишните санкции против Белорусија, поздравувајќи го ослободувањето на политичките затвореници во земјата и улогата на Минск во меѓународните разговори за прекин на борбите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG