Достапни линкови

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите во Брисел


Исламската држава ја презеде одговорноста за денешните терористички напади во Брисел во кои загинаа најмалку 34 луѓе, а повеќе од 180 се ранети. Две експлозии утринава одекнаа на аеродромот Завентем во Брисел, по што следуваше експлозија на метро станицата Малбек, која е во близина на неколку институции на ЕУ. Новинската агенција Амак, која е поврзана со Исламската држава, денеска објави дека „Борци на Исламската држава извршиле серија бомбашки напади со експлозивни појаси и уреди... при што целта беше аеродромот и централната метро станица“ во Брисел. Властите соопштија дека една од експлозиите е предизвикана од бомбаш-самоубиец.

XS
SM
MD
LG