Достапни линкови

logo-print

Јанева нема да го образложи извештајот во Собранието


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека нема да оди во Собранието и во Советот за јавни обвинители да го образложи Извештајот за нејзиното работење.

„Што се однесува до поканата од Советот на јавни обвинители и Собранието да го образложам мојот извештај, јавно кажувам дека нема да одам. Немам намера да одам од причина што мислам дека е толку мал Извештајот за толку малечок период и нема потреба да образложувам посебно, бидејќи тој содржи сè што е потребно“, рече Јанева.

Доколку Советот на јавни обвинители и Собранието имаат некакви забелешки, Јанева побара тие писмено ги достават до неа и тие ќе бидат вклучени во идниот извештај, што Специјалното обвинителство веќе почнало да го подготвува.

XS
SM
MD
LG