Достапни линкови

Експлодира бомба во контејнер во Украина


Две лица се хоспитализирани по експлозија во градот Кировохрад во централна Украина. Експлозијата се случила денеска во центарот на градот, при што биле оштетени два автомобили. Властите соопштија дека непозната експлозивна направа експлодирала во метален контејнер за отпадоци.

Минатата година, серија бомби експлодираа во градовите Харков и Одеса. Властите обвинија Русија и групи поврзани со проруските сепаратисти во источна Украина дека стојат зад експлозиите.

XS
SM
MD
LG