Достапни линкови

Кабинет на Иванов - Тврдењата на Јанева се неосновани и тенденциозни


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Кабинетот на претседателот на Република Македонија во денешната писмена реакција оценува дека тврдењата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се неосновани и тенденциозни и ја советува обвинителката да покаже барем минимално ниво на култура и почит кон институцијата Претседател и одговорност кон функцијата што ѝ е дадена.

Кабинетот на македонскиот претседател ѝ посочува на Јанева пред да соопштува во јавноста какви било заклучоци во однос на легитимитетот на Претседателот, добро да се информира која година се одржаа претседателските избори.

„Ја потсетуваме Јанева дека својот втор мандат претседателот Иванов го почна во 2014 година, а не во 2013, 2012 или 2011, како што таа изјави, односно неговиот избор за Претседател на Република Македонија нема никаква врска со периодот од кога датираат наводните разговори врз основа на кои Специјалното јавно обвинителство ги покренува обвиненијата“, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Иванов.

Со денешната изјава Јанева, како што посочуваат од Кабинетот на Иванов, го оспори и сопствениот легитимитет, бидејќи е избрана токму од, според неа, нелегитимното Собрание.

XS
SM
MD
LG