Достапни линкови

logo-print

Двајца мигранти во Идомени се самозапалиле


Двајца мажи во импровизираниот камп во Идомени на северната грчка граница денеска се полиле со запалива течност и се самозапалиле. Други мигранти, кои исто така протестирале поради затворање на границата, брзо го изгаснале огнот пред да настанат поголеми повреди. Двајцата мажи, чија националност не е позната, протестирале поради затворањето на македонско-грчката граница и барале да биде повторно отворена, за да можат илјадниците мигранти и бегалци заглавени на преминот да го продолжат своето патување кон северна Европа.

Во меѓувреме, околу 50 бегалци од вчера во знак на протест ја блокираат пругата меѓу Грција и Македонија. Тие изјавиле дека ќе протестираат сè додека не се отвори границата.

XS
SM
MD
LG