Достапни линкови

Украинската пилотка Савченко осудена на 22 години затвор


Украинската пилотка Надја Савченко

Украинската пилотка Надја Савченко

Судот во јужна Русија денеска ја прогласи украинската пилотка Надја Савченко за виновна по сите точки од обвинението и ја осуди на 22 години затвор и парична казна од 30 илјади рубљи (околу 440 долари). По соопштувањето на пресудата во рускиот град Доњецк, Савченко почнаа да пее, по што судијата прогласи пауза пред да ја изрече казната. Украинската пилотка е прогласена виновна за учество во убиството на двајца руски новинари во близина на Луганск во 2014 година, како и за нелегален влез во Русија. Руските власти тврдат дека таа го насочувала минофрлачкиот оган врз контролен пункт на проруските сепаратисти, каде што се наоѓале новинарите. Обвинителството побара 23 години затвор. Савченко ги негира обвинувањеата и рече дека не го признава рускиот суд или неговото право да ѝ суди. Западните влади и Украина го осудија процесот како политички монтиран.

XS
SM
MD
LG