Достапни линкови

УНХЦР ги суспендира активностите во Грција


Високиот комесаријат на ОН за бегалците (УНХЦР) денеска суспендираше одделни активности во Грција, бидејќи, како што оцени, прифатните центри за мигранти станале „единици за притвор“, откако ЕУ и Турција во петокот постигнаа договор за намалување на мигрантската криза во Европа. Портпаролот на УНХЦР, Мелиса Флеминг порача дека УНХЦР е против присилното притворување на бегалците и додаде дека агенцијата ќе престане да обезбедува транспорт за мигрантите. Флеминг нагласи, дека УНХЦР е загрижен дека Грција нема доволно капацитет за адекватно процесуирање на мигрантите. Портпаролот на УНХЦР, исто така, го критикуваше договорот на ЕУ и Турција, бидејќи во него не се споменуваат децата кои се, како што истакна, 40 проценти од мигрантите во Грција.

XS
SM
MD
LG