Достапни линкови

logo-print

Европските лидери со остра осуда за нападите во Брисел


Европските лидери ги осудија смртоносните терористички напади во Брисел.

„Овие напади повторно го допреа дното од терористите во служба на омраза и насилство“, рече денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека на „одвратните напади“ треба да се одговори со „решителност спрема терористите“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека „цела Европа е погодена“, повикувајќи континентот да направи „клучни чекори со оглед на сериозноста на заканата“.

Шведскиот премиер Стефан Лофвен изјави дека ова е напад против демократска Европа.

„Никогаш нема да прифатиме дека терористите ги напаѓаат нашите отворени општества“, рече тој.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Белгија „повторно беше погодена од кукавички и убиствени напади“.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „остро ги осуди овие варварски дела“.

Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека западната политика на „двојни стандарди“ довела до терористичките напади.

XS
SM
MD
LG